Министрите на Европската унија одговорни за трговија денеска ќе разменат мислења за состојбата на реформата на Светската трговска организација и подготовките за 12-та министерска конференција на Светската трговска организација што ќе се одржи во Женева од 12 до 15 јуни 2022 година. Исто така ќе се расправа и за состојбата во трговските односи меѓу ЕУ и САД, односно за исходот од вториот состанок на Советот за трговија и технологија ЕУ-САД, кој се одржа на 16 мај.
Европската комисија предлага укинување на царините за украинските производи
На дневен ред ќе биде и размена на мислења за последните случувања и главните ориентации во трговските односи со Кина. За време на ручекот, министрите ќе разменат мислења за состојбата на тековните билатерални трговски преговори.