Силен земјотрес ја погоди Кина, најмалку едно загинато лице

Кинеската паравоена полиција носи преживеан по земјотрес во округот Џиужаигу, префектурата Нгава, провинцијата Сечуан na 9 август 2017 година. (Архивска фотографија.)

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди југозападна Кина, при што било предизвикабо лизгање на земјиштето, соопштија денеска кинески официјални претставници.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Лушан во провинцијата Синчуан, соопшти кинеското биро за земјотреси.

Властите започнале план за итни случаи. Според очевидци, спасувачките екипи се испратени во зоната на катастрофата заедно со членовите на Народноослободителната армија на Кина.

Имаше различни првични извештаи за жртви. Државната телевизија ЦЦТВ објави дека едно лице починало, а дека шест се повредени, од кои едно сериозно во округот Баоксинг во провинцијата Сечуан. Други државни медиуми јавија дека три лица се тешко повредени.

Противпожарната служба во Сечуан соопшти дека некои куќи биле оштетени, а дека повеќе од 1.400 спасувачи биле испратени во областа.

Управата за југозападна железница соопшти дека некои делови од пругата се затворени, што предизвикало доцнење на патничките возови.

Најразорниот земјотрес во Кина во последните години беше во 2008 година со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа речиси 90.000 луѓе во Сечуан.