Уапсена членка на руската „Пуси Рајот“ во Хрватска

Хрватската полиција ја приведе членката на руската протестна група „Пуси Рајот“, Аисолтан Нијазова, на барање на Туркменистан преку Интерпол.
Една од членките на оваа група Олга Борисова, вчера на својот Фејсбук профил напиша дека Нијазова која има туркменистанско државјанство била уапсена ја минувала границата од Словенија кон Хрватска.

Групата е на својата турнеја именувана како „Riot Days“ во Европа за да протестира против војната на Русија во Украина. Сега се очекува одлука на хрватскиот суд за евентуалната екстрадиција на Нијазова.

Љусја Штеин од „Пуси Рајот“ ставена на листата на барани лица во Русија

Минатата недела Нијазова беше накратко приведена во Словенија по истата наредба на Интерпол, која првично беше поднесена од Туркменистан во 2002 година. Туркменските власти ја обвинија Нијазова дека украла 40 милиони долари од екстремно изолираната и авторитарна централна банка на централноазиската држава.

Нијазова и нејзините поддржувачи го отфрлија таквото обвинување измислено и политички мотивирано. Тие тврдат дека случајот е измислен откако таткото на Нијазова се приклучил на политичката опозиција, бил уапсен и умрел во затвор.