Радев-Нема напредок меѓу Софија и Скопје, затоа нема да одам во Париз

Нема услови за мојата посета на Франција, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарскo прашање на новинската агенција БГНЕС по вчерашната вест дека заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков се поканети во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон.

„Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, затоа нема услови за мојата посета на Париз кај претседателот Макрон. Сакам да видам реални резултати, ја ценам ангажираноста и напорите на нашите европски партнери“, рече Радев.

До ова дојде откако вчера бугарската агенција БГНЕС објави дека Радев и Петков се поканети од Макрон за да им биде презентиран „франциски план за остранување на бугарското вето за почеток на преговори на Скопје со ЕУ“.
Петков вчера во Брисел изјави дека не може да потврди ниту да соопшти кој е поканет кај Макрон. Тој додаде дека темата Македонија е во рацете на дипломатите.

„Се врши многу голема работа на ниво на Министерствата за надворешни работи, за да се видат сите можности за напредок по темата за Северна Македонија. Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам, за да се избегнат секакви шпекулации, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, се ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ“, одговори Петков на новинарско прашање.

Радев коментирајќи ја оваа изјава на Петков денеска изјави дека внително ги следел позициите на партиите.

Петков: Не знам кој е поканет кај Макрон за темата Македонија

Македонија очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамките на преговорите за членство, одобрени од страна на сите земји членки во март 2020, но Бугарија продолжува да го блокира процесот поради билатерални прашања.