Американски ловци „Ф-35“ пристигнаа во Софија

Илустративна фотографија

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор. Во порака објавена на официјалниот профил на Твитер на Сојузна воздушна команда на НАТО не е наведено за колку авиони станува збор.

Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Но, во соопштението се посочува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија.

Петков: Италија ќе испрати 800 војници во Бугарија

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, изјави дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“. Тој додаде дека постојат многу опции и дека Бугарија и натаму ќе добие поддршка.

Заменик-државниот секретар на САД Карен Донфрид во посета на Бугарија

Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.