Немири во Ерусалим поради посета на израелски пратеник

Илустративна фотографија

Екстремно десничарски израелски пратеник, на кој му се придружија голем број поддржувачи на ултранационализмот, влезе во најчувствителното свето место во Ерусалим рано утринава, по што толпа Палестинци почнаа да фрлаат камења и огномет кон израелската полиција.

Немирите избувнаа пред масовниот ултранационалистички израелски марш планиран подоцна во текот на денот низ срцето на муслиманскиот кварт на Стариот град во Ерусалим. Околу 3.000 израелски полицајци беа распоредени низ градот пред маршот.

Израел вели дека маршот има за цел да го прослави израелското заземање на источен Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град, во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Израел го смета целиот Ерусалим како главен град. Но, Палестинците, кои тврдат дека источен Ерусалим е нивен главен град, на маршот гледаат како провокација.

Минатата година, маршот беше причина за 11-дневна војна меѓу Израел и милитантите од Газа.