Најмалку 31 лице загина во стампедо во црква во Нигерија каде се делела храна

Илустративна фотографија

Најмалку 31 лице загина во стампедо на црковен настан во јужна Нигерија, каде што црковните службеници делеле помош од храна.

Властите соопштија дека стотици од оние кои се појавиле на настанот во градот Порт Харкорт, во државата Риверс, ја пробиле портата, предизвикувајќи хаос.

​„Луѓето беа таму порано, а некои станаа нетрпеливи и почнаа да брзаат, што доведе до стампедо“, изјави портпаролката на полицијата.

Таа рече дека полицијата е на лице место и „ја следи ситуацијата додека истрагата е во тек“.