Петков: Италија ќе испрати 800 војници во Бугарија

Италија ќе испрати 800 војници како дел од баталјон на НАТО во Бугарија во знак на поддршка од Рим, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со неговиот домаќин премиерот Марио Драги. Бугарската владина прес служба соопшти дека на средбата теми на разговор биле енергетика, безбедност и борба против корупција.

Петков посочил дека добил уверувања од Драги дека Бугарија и Италија ќе работат задно на зголемување на потенцијалните испораки на гас во Европа од Азербејџан и други земји.

„И двајцата сметаат дека не секоја земја може сама да се справи со овој проблем и дека е потребен заеднички став. Во спротивно постои сериозна опасност Гаспром да игра со различно услови во однос на различни земји од ЕУ. Ова прашање треба да се реши на највисоко ниво на европските лидери“ се вели во соопштението.

Петков: Многу е важно да продолжи конструктивниот дијалог со Северна Македонија

Петков и Драги сметаат дека треба да се прошири мандатот на Европското јавно обвинителство вклучително и за перење пари кое влија на различни земји на континентот, се додава во соопштенето.