Спојување и раздвојување

ГЕРМАНИЈА / РУСИЈА - Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и германскиот бизнисмен Матијас Варниг најавија оставки од бордот на директори на рускиот државен нафтен гигант Роснефт, соопшти компанијата на 20 мај.

БУГАРИЈА - Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Владата на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека имал опсежен разговор со холандскиот премиер Марк Руте за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, јави Анадолија.

УКРАИНА - Последните украински војници во фабриката за челик Азовстал во Мариупол велат дека Киев им наредил да престанат со борбите додека Русија го интензивира нападот врз источна Украина, гаѓајќи го Донбас, за кој претседателот Володимир Зеленски рече дека сега изгледа како пекол.

САД - Водечките економии на Групата седум (Г7) се согласија да обезбедат 9,5 милијарди долари нова економска помош за Украина за да му помогнат на Киев да ги исплати платите на вработените во јавниот сектор и да се осигура дека владата може да продолжи да функционира додека се брани од руската инвазија.

УКРАИНА - Дваесет и едногодишниот војник Вадим Шишимарин е обвинет дека пукал со автоматска пушка кон 62-годишниот украински цивил Олександр Шелипов, откако му било наредено да го стори тоа. Тој пред судот во Киев, каде му се суди за воено злосторство, рече дека се кае за тоа што го направил.

АЛБАНИЈА - Албанија ги исполни сите услови за отворање на преговорите за членство во ЕУ и тие треба да започнат што е можно поскоро, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Тирана. Албанскиот премиер Еди Рама повтори дека Албанија ќе бара раздвојување на неговата земја и на Македонија доколку во јуни Скопје не добие зелено светло за старт на преговорите за членство во ЕУ.