Заменик-државниот секретар на САД Карен Донфрид во посета на Бугарија

Заменик-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид

Заменик-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид која престојува во Софија вчера имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Според прес-службата на Радев, тие разговарале за руската инвазија на Украина, која радикално го менува безбедносното опкружување не само во регионот, туку и во Европа. На средбата се разговарало и за стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, како и за проширувањето на Европската Унија. Радев и Донфрид говореле и за напредокот во процесот на европска интеграција на Западен Балкан, како стратешка цел за поддршка на безбедноста и стабилноста на Европа.

Донфрид: Исполнивте тешки задачи, иднината на С.Македонија е во ЕУ


Притоа, како што е соопштено, Радев истакнал дека Бугарија е најзаинтересирана за забрзување на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија, но оти Софија очекува јасни и недвосмислено правно обврзувачки механизми и реални чекори за искоренување на говорот на омраза и систематските примери на дискриминација на граѓаните со бугарска самосвест.

Макрон со поттик до Бугарија и С.Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

Тој посочил и дека во бугарското општество е формиран широк консензус на оваа тема, што е потврдено и од страна на Народното собрание, а како што вели Радев „секое повлекување ја загрозува стабилноста во самата земја-членка на ЕУ“. Донфрид, претходно се сретна со бугарскиот премиер Кирил Петков при што се разговарало за билатералната соработка во безбедноста, единствениот одговор на НАТО против војната на Русија во Украина, заедничките енергетски проекти и антикорупциските мерки.