Тимотеј - СПЦ до крајот на мај очекуваме да испрати предлог за автокефалност на МПЦ-ОА

Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј.

Портпаролот на Синодот на МПО-ОА и митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна црква (СПЦ) да го испрати до Влеленската Патријаршија предлоот за автокефален статус на МПЦ-ОА.

Тој рече дека било која црква за која се прави предлог да добие автокефалност треба да исполнува 9 или 10 точки и дека очекуваат СПЦ да предложи до Влеленската Патријаршија доделување на автокефален статус на МПЦ-ОА, што треба да го одобрат сите православни цркви и потоа Вселенскиот Патријарх да издаде Томос потпишан од него и од СПЦ.

Светиот Синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај соопшти дека ја отстранува „повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.“

Со тоа Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа, а наведе дека како име на оваа Црква го признава „Охридска“ имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија.

Вчера и Синодот на Српската православна црква СПЦ соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Според соопштението на СПЦ, со ова се воспоставува заеднички литургиски и канонски дијалог, бидејќи се отстранети причините за нивното прекинување предизвикани од едностраното прогласување на автокефалност во 1967 година.

„Со воспоставување на единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целиот простор на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен, туку е и наменски, легитимен и реален“, се вели во соопштението на СПЦ.

Владиката Тимотеј рече дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ, којашто теба да се случи во Белград, а дека делегацијата ќе ја предводи македоснкиот епископ Стефан и тројца од повозрасните владици во Синодот.

Епископот Стефан денеска му напишал писмо на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое му се заблагодарил за чинот за признавањето на ерархијата и канонскиот статус на МПЦ-ОА и за поканата на верскиот празник Педесетница да присуствува на заедничка литургија во Вселенската Патријаршија.