Почина новинарот Марко Илковски

Новинарот Марко Илковски.

Долгогодишниот новинар во Македонското радио Марко Илковски почина на 75-годишна возраст.

Тој целата новинарска кариера ја помина во Македонското радио, каде работеше на документарни емисии и програми посветени на дијаспората.

Тој исто така ги покриваше настаните за Македонската православна црква, како и други настани во општеството, како што објави и Македонското радио.

Марко Илковски беше доајен на македонското новинарство, кој целиот животен век го помина во Македонското радио.

Посмртните останки на Марко Илковски денеска беа изложени во капелата на Градските гробишта Бутел.