Северна Кореја пријави уште 270.000 случаи на треска

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прегледува аптека во Пјонгјанг. Fотографија без датум објавена од севернокорејската централна новинска агенција (КЦНА) на 15 мај 2022 година.

Северна Кореја пријави уште над 269 илјади случаи на симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија на недијагностициран Ковид-19 меѓу невакцинираното население.

Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот, 56 луѓе починале, а повеќе од 1,48 милиони се разболеле поради брзото ширење на треската во земјата од крајот на април.

Северна Кореја соопшти дека најмалку 663.910 луѓе сè уште се во карантин.

Државните медиуми не наведуваат колку од случаите на треска е потврдено дека се Ковид-19.

Веројатно е дека на Северна Кореја и недостасува опрема за тестирање за да ги потврди инфекциите со коронавирус во голем број, а нејзиниот одговор на вирусот е главно изолација на луѓето со симптоми.

Неуспехот да се забави ширењето на вирусот може да има тешки последици за Северна Кореја, со оглед на лошиот здравствен систем и фактот што се верува дека нејзините 26 милиони луѓе не се вакцинирани.