Мицотакис ќе има обраќање во Конгресот на САД

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска ќе има обраќање во американскиот конгрес. Грчката влада соопшти дека станува збор за „почесна покана што се упатува на странски лидери во екстремно ретки случаи“. Грчкиот премиер е во дводневна официјална посета на Вашингтон и синоќа во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Џо Бајден на приемот во чест на грчкиот претседател, а за одбележување на 200 годишнината од почетокот на војната за независнот на Грција. Според Мицотакис, 200 годишнината требаше да се одбележи лани во мај, но поради ковид-19 тоа беше одложено.

Највисока инфлација во Грција во скоро три децении

Претходно Мицотакис изјави дека Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и оти сега не било најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење. „Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки“, изјави тој. Откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.