Времето денеска - претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Илустративна фотографија.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи пред се во западните делови.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.