Некои од индустриски најмоќните земји во светот од Групата седум (Г7), соопштија дека никогаш нема да ги признаат новите граници како резултат на руската инвазија на Украина.
„Никогаш нема да ги признаеме границите што Русија се обидува да ги промени со воена агресија и ќе го поддржиме нашиот ангажман во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучително и Крим, и на сите држави“, се вели во соопштението на Г7 по состанокот на нивните министри за надворешни работи.
Во соопштението се наведува и дека Г7 ќе ги прошири санкциите и ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје, пренесува АФП.
Г7 се состои од: Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД. И Европската унија има место на масата, но не се вбројува како дел од групата.