Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на новинарката Ширин Абу Аклех

Новинарката Ширин Абу Аклех.

Советот за безбедност на Обединетите нации остро го осуди убиството на палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех кое се случи на 11 мај, како и ранувањето на уште еден новинар во Џенин на Западниот Брег.

Советот вечерва едногласно усвои декларација која беше на дневен ред на предлог на САД.

Во документот, кој беше прегледан од АФП, се бара „итна, темелна, транспарентна и непристрасна истрага“ за убиството.

Новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, беше убиена додека известуваше за судирите меѓу израелската армија и вооружените Палестинци.

Шефот на израелската армија Авив Кохави и генералите вчера на затворен состанок разговарале за можноста новинарката да била погодена од израелски куршум.

Палестинската страна го одби барањето на Израел за заедничка истрага и одби да го предаде смртоносниот куршум.