Во констуктивна атмосфера поминала средбата на заедничката историска комисија со Бугарија

Копретседавачите на македонско - бугарска комисија за историски и образовани прашања, Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров.

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија по дводневната средба во Софија соопшти дека разговорите поминале во конструктивна атмосфера.

„На средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби“, се наведува во соопштението.

Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, според соопштението, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година.

Ова беше 19 средба на Комисијата која е формирана во 2018 година, согласно Договорот за пријателство потпишан во 2017 година, речиси четири години не успеа да дојде до заедничка препорака за чествување на Делчев. Досега имаат препораки за заедничко чествување на пет личности- Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски.