Финска презема чекор кон НАТО и покрај заканите од Москва

Финскиот претседател Саули Ниинисто зборува за време на прес-конференција по Самитот на НАТО, во Хелсинки.

Финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин го поддржаа откажувањето од долгогодишниот став за неутралност на земјата, велејќи дека нордиската нација треба да и се приклучи на НАТО алијансата како одговор на руската непредизвикана инвазија на Украина.

Овој потег, кој се очекува да се случи брзо и во исто време со соседна Шведска, ќе означи голема промена во безбедносната структура на Европа и ќе се соочи со рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека наредил инвазија на Украина делумно да да го запре натамошното проширување на НАТО до руските граници.

Москва остро реагираше на веста, велејќи дека ќе ги разгледа „неопходните мерки со цел да се балансира ситуацијата“ доколку Финска, која дели долга граница со Русија, се приклучи на алијансата.

Следниот чекор на Финска е одржување на состанок на 15 мај на специјален комитет составен од претседателот, премиерот и шест други министри од кабинетот.

Комитетот ќе донесе официјална одлука дали земјата да поднесе апликација. Предлогот следниот ден потоа ќе биде претставен на расправа пред парламентот.

Иако не се очекува веднаш да биде објавен официјален датум за пристапувањето, НАТО ќе одржи самит во Мадрид на 28 и 29 јуни.

Официјални претставници на НАТО посочија дека во тоа време би можеле да бидат потпишани протоколите за пристапување на Финска и Шведска.