ЕУ, домаќин на 6-та донаторска конференција за Сирија

Сирискиот град Алпо

Европската унија не заборава на страдањата и „постојаната трагедија на народот во Сирија“ и покрај војната во Украина и „затоа ќе бидеме домаќини на конференцијата во Брисел за поддршка на иднината на Сирија и на регионот“, рече Питер Стано, портпарол на институцијата на ЕУ за надворешни работи. Донаторска конференција, од 9 до 10 мај, „ќе ѝ овозможи на меѓународната заедница да ја потврди својата посветеност на сирискиот народ, а исто така и на земјите кои му помагаат“, додаде тој. Влади, меѓународни организации и агенции, како и регионални организации и претставници на граѓанското општество ќе учествуваат на конференцијата.

Турција ќе охрабрува милион сириски бегалци да се вратат дома

Во минатата година, меѓународната заедница вети 5,3 милиони евра помош за Сирија и соседните земји кои примаат бегалци. Сирија е вовлечена во жестока граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Асад со неочекувана жестокост ги разби продемократските протести. Според ЕУ, над 400.000 луѓе беа убиени, а повеќе од 12 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови, станаа бегалци или внатрешно раселени во изминатите десет години. Турција е најголемата земја домаќин на сириските бегалци и обезбедува заштита на речиси 4 милиони луѓе кои избегаа од соседната земја.