Велика Британија одвои дополнителна воена помош за Украина

илустрација

Велика Британија ќе додели дополнителни 1,3 милијарди фунти (околу 1,5 милијарди евра) воена поддршка за Украина за да и помогне на земјата да се одбрани од руските сили, објавија денеска британските власти.

Британија речиси двојно ќе ги удвои средствата за Украина. Дополнителни средства доаѓаат од владините резерви за итни случаи.

Според Асошиејтед прес (АП), британската влада ќе додели средства кои го вклучуваат пакетот помош што претходно оваа недела го објави премиерот Борис Џонсон, во своето обраќање пред украинскиот парламент во Киев.

Новиот план за помош од 300 милиони фунти вклучува и радари за лоцирање на артилерија, беспилотни летала и уреди за ноќно гледање.

Велика Британија веќе испрати воена опрема во Украина, вклучувајќи ракети и ракетни фрлачи. Новата помош ќе се состои од опрема за електронско војување, радарски систем на батерии, опрема за блокирање ГПС и илјадници уреди за ноќно гледање.