Бајден ја пофали Романија за помошта кон украинските бегалци

Џил Бајден и Кармен Јоханис

Првата дама на Соединетите Држави Џил Бајден ја пофали романската влада и хуманитарните организации за нивната работа во помагањето на бегалците кои бегаат од руската инвазија во соседна Украина, нарекувајќи ги напорите „неверојатни“.

Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, зборуваше во американската амбасада во Букурешт, еден ден по пристигнувањето во земјата во официјална посета за да ги посети американските војници и да се сретне со романските лидери.

Според Агенцијата за бегалци на Обединетите нации речиси 860.000 Украинци побегнале во Романија или поминале низ Романија, бегајќи од војната.

„Околу 7.000 Украинци дневно ја минуваат границата и пристигнуваат во Романија“, изјави Пабло Запата, романски претставник за агенцијата на ОН.

„Неверојатно е. Солидарност е што сите работите заедно. Мислам дека ова е навистина, за жал, само почеток. Романскиот народ е неверојатен, ги пречекува сите овие бегалци во нивните домови и им нуди храна, облека и засолниште и им ги дава нивните срца. Мислам дека светот го знае тоа,“рече првата дама.

Подоцна, Бајден се состана со првата дама на Романија, Кармен Јоханис и со претседателот Клаус Јоханис.

Бајден е на четиридневна посета на Романија и Словачка двете земји сојузници на НАТО за да ја покаже поддршката на САД за украинските бегалци.