Германското разузнавање очекува проруски активности низ целата земја во понеделник на 9 мај, денот кога Русија традиционално ја одбележува победата на советската армија над нацистичка Германија.
Ова е „идеален датум за руска пропаганда“, изјави Томас Халденванг, претседател на германското Министерство за внатрешни работи, за неделното издание на Die Welt.
„Денеска низ Германија се очекуваат проруски активности како паради со автомобили и демонстрации, можеби дури и прикажување на симболот „z“ на руската окупаторска армија во Украина“, рече Халденванг.
Употребата на буквата „z“ како симбол се смета за знак на одобрување на руската инвазија на Украина.
Безбедносните сили во сојузните држави се подготвуваат и за проруски демонстрации и активности. Според информациите од сојузните држави, нема индиции за зголемена подготвеност за употреба на насилство од страна на проруските демонстранти.
„Никој не треба да изразува солидарност со криминалното владеење на рускиот претседател Владимир Путин“, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер.
Во недела некои земји го одбележуваат безусловното предавање на германскиот Вермахт во Втората светска војна и ослободувањето на Европа од нацизмот.