Агенцијата на Обединетите нации за помош во храна апелира пристаништата на Црно Море во Украина да се отворат за да се овозможи извоз на пченица и пченка од која зависат многу сиромашни земји во светот. Во изјавата на Светската програма за храна, со седиште во Рим, се наведува дека пред војната, која неиспровоцирано ја започна Русија, 98 проценти од украинскиот извоз на житни култури биле транспортирани преку тие пристаништа. Еден месец од почетокот на војната на 24 февруари, извозните цени на пченицата се зголемија за 22 проценти, а пченката за 20 проценти, додека тие веќе пораснаа во 2021 година и на почетокот на оваа година.
Состанок за кризата со безбедноста на храната
Светската програма за храна наведува дека пристаништата на југот на Украина кои се сериозно оштетени од артилериски напади и бомбардирање, мора да продолжат да работат за да се заштити украинското земјоделско производство и да се овозможи извоз што е клучно за економијата на Украина и снабдувањето на храна во светот.