АП истрага: Околу 600 цивлили загинале во нападот врз театарот во Мариупол

илустрација

Новинската агенција Асошиејтед Прес информира дека спровела истрага која покажува дека околу 600 цивили загинале кога Русија нападнала театар во пристанишниот град Мариупол што се користел како засолниште за бомби.

Точниот број на загинати како резултат на воздушниот напад на театарот на 16 март, кој беше јасно означен надвор како место каде што се наоѓаат деца, не е познат поради силните борби кои продолжија.

Додека украинските власти соопштија дека најмалку 300 луѓе загинале во нападот, АП рече дека според нивните проценки засновани на извештаите на 23 преживеани и спасувачи, бројката е на најмалку двојно повисоко.

Русија негираше дека целела цивили откако го започна својот неиспровоциран напад врз Украина на 24 февруари, сè повеќе докази кажуваат поинаква приказна. Воздушниот напад врз академскиот регионален драмски театар во Доњецк во Мариупол се издвојува како единствениот најсмртоносен напад врз цивили досега.

„Сите луѓе сè уште се под урнатините, бидејќи урнатините се уште се таму - никој не ги ископал. Ова е една голема масовна гробница “, ја цитираше АП изјавата на Оксана Сиомина, која го преживеа смртоносниот напад.