Федералните резерви на САД ја зголемија каматна стапка за да се ограничи инфлацијата

Федералните резерви ја интензивираа борбата против највисоката инфлација во САД во последните 40 години

Федералните резерви на САД (ФЕД) ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за половина процентен поен, што е нејзин најагресивен потег од 2000 година. Федералните резерви на тој начин ја интензивираа борбата против највисоката инфлација во последните 40 години и укажаа на натамошни големи зголемувања на каматните стапки. По зголемувањето, основната каматна стапка на ФЕД ќе биде меѓу 0,75 и еден процент, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата на коронавирусот пред две години.

Руската централна банка најави намалување на основната каматна стапка

Со зголемувањето на цените на храната, енергијата и стоките за широка потрошувачка, целта на ФЕД е да ја забави потрошувачката и економскиот раст со тоа што ќе го поскапи позајмувањето за поединци и компании. Централната банка се надева дека повисоките трошоци за задолжување ќе го забават трошењето доволно за да се ограничи инфлацијата, но не толку за да предизвика рецесија.