Времето денеска: сончево со умерена облачност

Сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 16 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 25 степени.