ЕП ќе расправа за справување со економските и социјалните последици од војната во Украина

Украинското знаме до знамето на ЕУ во близина на зградата на Европскиот парламент.

Пратениците во Европскиот парламент денеска ќе расправаат за тоа како да се справат со социјалните и економските последици за ЕУ од руската војна во Украина и како да се зајакне капацитетот на дејствување на ЕУ во врска со тоа. Во оваа дебата со претставниците на Европскиот совет и Европската комисија, европратениците се очекува да подвлечат дека војната и санкциите наметнати од ЕУ против Русија по нејзината инвазија врз Украина неизбежно ќе предизвикаат негативни ефекти врз економијата на ЕУ.

ЕУ може да им понуди на Унгарија и Словачка исклучоци од руското ембарго за нафта

Тие, како што е најавено, ќе ја повикаат Европската комисија да предложи мерки за ублажување на економските и социјалните последици од санкциите. Резолуцијата ќе биде ставена на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент на сесијата од 18 до 19 мај.