Џонсон ќе најави дополнителна воена помош во обраќање пред украинскиот парламент

Во своето обраќање пред парламентот во Киев, британскиот премиер Борис Џонсон треба да најави дополнителна воена помош за Украина. Тој ќе биде првиот странски лидер на оваа позиција откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Обраќањето во украинскиот парламент доаѓа по посетата на Џонсон на Киев минатиот месец.

Како што соопштуваат од неговиот кабинет, Џонсон, ќе го поздрави отпорот на Украина како „момент на успех“ во обраќањето до законодавниот дом на Украина преку видео, а исто така се очекува да објави дополнителна воена помош од 300 милиони фунти за Киев.

Велика Британија веќе испрати воена опрема во Украина, вклучувајќи ракети и ракетни фрлачи. Новата помош ќе се состои од опрема за електронско војување, радарски систем на батерии, опрема за блокирање ГПС и илјадници уреди за ноќно гледање.

Во својот говор, Џонсон меѓудругото ќе се осврне на обраќањето на водачот на Втората светска војна Винстон Черчил во 1940 година кога Британија се соочи со агресијата на нацистичка Германија.

Во меѓувреме, Европската комисија треба да предложи нов пакет мерки, вклучително и ембарго на руската нафта.

Неименувани дипломати наведуваат дека санкциите ќе бидат насочени и кон најголемата банка во земјата, Сбербанк, која ќе биде исклучена од глобалниот банкарски комуникациски систем нa СВИФТ.