ДУИ на отворање на споменик во чест на ОНА во Слупчане

„На пат кон легендарното Липково“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил.

„На пат кон легендарното Липково“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на официјалниот Фејсбук профил објавувајќи фотографија на која може да се видат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.

Вчера градоначалникот на општина Липково од ДУИ Еркан Арифи на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека на 2 мај свечено ќе биде откриена спомен кулата во чест на борците на „ОНА во липковското село Слупчане. Тој објави видео на кој се гледа кулата висока 20 метри. Дел од медиумите јавуваат дека за него од општинскиот буџет се потрошени 200 илјади евра.

Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.