САД се надеваат дека наскоро ќе ја вратат амабасадата во Киев

Вршителот на должност американски амбасадор во Украина, Кристина Квиен.

Соединетите Американски Држави очекуваат да ја вратат својата амбасада во Киев до крајот на мај, доколку условите дозволуваат.

„Ги слушаме професионалците за безбедност и кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме, ќе се вратиме“, рече вршителот на должност американски амбасадор, Кристина Квиен, на прес конференција во украинскиот град Лвив, на 2 мај.

Амбасадата на САД го напушти Киев речиси две недели пред Русија да ја започне својата неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари, преместувајќи некои од своите функции и дипломати во Лвив, а на крајот се пресели во соседна Полска.

Неколку западни земји веќе ги вратија своите амбасади во Киев, откако Русија се повлече од главниот град, бидејќи ги прераспореди војниците на исток и југ од Украина.