Првата дама на САД ќе се сретне со украински бегалци во Романија и Словачка

Првата дама на САД Џил Бајден

Првата дама на САД Џил Бајден ќе ги посети Романија и Словачка од 5-9 мај за да се сретне со американските војници и персоналот на амбасадите, украинските бегалци и хуманитарците, соопшти денеска нејзината канцеларија. Членките на НАТО и ЕУ Романија и Словачка презедоа стотици илјади украински бегалци кои бегаат од руската инвазија. Патувањето на Бајден следи по патувањето на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси во Киев во изминатиот викендот. Пелоси се состана со претседателот Володимир Зеленски на 30 април.

Пелоси- Украинската борба е борба за сите нас

За време на нејзиното патување, Бајден ќе ги посети припадниците на американската војска во Романија на 6 мај, пред да замине за Букурешт, каде на 7 мај ќе се сретне со членовите на романската влада, персоналот на американската амбасада и наставниците работа со раселени украински деца, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. Нејзиното патување вклучува и посета на словачкиот главен град Братислава за да се сретне со персоналот на американската амбасада и владини претставници. Речиси 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од руската инвазија на 24 февруари, според агенцијата за бегалци УНХЦР. Нешто повеќе од 3 милиони избегаа во Полска, додека Романија прими 817.000, а Словачка скоро 372.000.