Железнички мост делумно се урна во западниот руски регион Курск, кој граничи со североисточна Украина. Гувернерот на регионот Роман Старовоит на социјалната платформа Телеграм напиша дека причината за инцидентот е непозната и дека нема пријавени повредени.
ОН потврдија дека е во тек евакуација на цивили во Мариупол
Истражниот комитет објави дека отворена е истрага и дека засега нема докази дека е намерно оштетено.
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, имаше неколку извештаи за оштетување на руската железничка инфраструктура, вклучително и оштетување на железнички мост во регионот Белгород претходно овој месец.
Руските власти досега не обвинија за саботажа или други напади за ниту еден од инцидентите, а никој не е пријавен за приведен.Гувернерите на неколку погранични региони се пожалија на наводни украински артилериски напади на руска територија.
Украинските власти не ги потврдија или негираа тврдењата дека Киев извршувал напади во Русија.