Првомајски марш во Белград

Претставници на опозициската коалиција „Мораме“ и на политичката платформа „Солидарност“ при протестниот првомајски марш низ Белград положија цвеќе на споменикот на теоретичарот и лидер на социјалистичкото движење Димитрија Туцовиќ.

Организаторите на протестот повикаа на солидарност во борбата за „достоинствен живот на работникот“. Демонстрантите покрај транспарентите со себе носеле и големи цртежи со ликовите на загинатите осумина рудари на 1 април 2022 година.

Претставникот на политичката платформа „Солидарност“ Милош Баковиќ изјави дека одблежеувањето на меѓународниот Ден на трудот има смисла само ако борбата за работничките и социјалните права се води секој ден.

Илјадници работници излегоа на првомајскиот протест во Скопје

Претходно, во центарот на Белград посебен првомајски марш организираше и невладината организација „Независност“ чии претставници повикуваат на организација на работниците во синдикати.

„Оправи се и организирај се во синдикат“ беше паролата која ја носеа демонстрантите повикувајќи дека тоа е единствен начин за заштита на работничките права.