Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад во Кабул

Илустрација

Терористичката група Исламска држава денеска соопшти дека ја презема одговорноста за бомбашкиот напад врз патнички автобус во главниот град на Авганистан, Кабул, кој се случи претходниот ден. Една жена загина, а три лица беа повредени во бомбашкиот напад на 30 април, соопшти полицијата во Кабул.

Од друга страна, ниту една група не презеде одговорност за бомбашкиот напад на 29 април во џамијата Калифа Сахиб во Кабул, во кој загинаа најмалку 10 лица, а 30 беа повредени. Шефот на џамијата тврди дека во нападот биле убиени повеќе од 50 луѓе.

Самоубиствен бомбашки напад врз џамија во Кабул

Десетици луѓе загинаа во смртоносните напади во Авганистан кои ги нарушија последните две недели од исламскиот свет месец Рамазан, кој завршува на 1 мај.
ИД ја презеде одговорноста за неколку бомбашки напади, од кои многу се насочени кон шиитската и суфиската заедница во земјата.

Расте насилството во Авганистан, убиени тројца пакистански војници во прекуграничен напад

На 22 април, најмалку 30 луѓе загинаа во експлозија во суфиски манастир во Кундуз.

Талибанската полиција во Кабул беше во состојба на готовност на 1 мај, ветувајќи дека ќе „обезбеди безбедност“ за време на празникот Еид ал-Фитр што го означува крајот на Рамазан.