Русија во текот на ноќта погодила 389 цели во Украина

Илустрација

Русија денеска соопшти дека нејзините артилериски единици во текот на ноќта погодиле 389 украински цели, вклучувајќи 35 контролни точки, 15 складишта за оружје и муниција и неколку области каде што се концентрирани украински војници и опрема.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините проектили погодиле четири складишта за муниција и гориво.

Украина тврди дека Русија има колосални загуби

Вчера Украина призна дека ја изгубила контролата врз некои градови и села во Донбас од почетокот на нападот минатата недела, но соопшти дека придобивките на Москва се платени со огромна цена за руските сили кои веќе се истрошени од претходниот пораз во близина на главниот град.

Канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија ја напаѓа целата линија на фронтот во источниот регион Доњецк со ракети, артилерија, минофрлачки бомби и авиони. Украинскиот генералштаб соопшти дека Русија ги гранатира позициите долж линијата за контакт за да ги спречи Украинците да се прегрупираат.