Норвешка ги затвора пристаништата за руски бродови

Илустрација

Норвешка ќе го следи раководството на Европската унија (ЕУ) и ќе ги затвори своите пристаништа за руските бродови со исклучок на рибарските чамци, сooпшти денеска норвешката влада.

Иако не е членка на ЕУ, Норвешка ги усвои речиси сите санкции на Унијата против Русија.

Забраната за закотвување на бродови под руско знаме на норвешките пристаништа ќе стапи на сила на 7 мај и нема да влијае на ловците (вид на рибарски брод), кои го оставаат својот улов на норвешкото копно.

„Санкциите се нашето главно средство за притисок против рускиот режим. Клучот овде е да се застане покрај ЕУ и другите земји за да ги ослабне можностите на Русија да ја финансира војната во Украина“, изјави норвешкиот министер за надворешни работи Аникен Хајтфелд.