Русија на големи воени вежби со централноазиските земји

Илустрација: Воени вежби на киргистанската армија

Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија ќе одржи големи воени вежби во Централна Азија во октомври.

„Во октомври оваа година ќе се одржат командни воени вежби „Соработка 2022“ на колективните сили за оперативна реакција, специјални маневри со учество на разузнавачките сили „Потрага 2022“ и вежби за материјално и техничко снабдување „Ешалон 2022“ во Казахстан“, соопшти на 27 април казахстанскиот министер за одбрана.

Во соопштението се наведува дека силите на ОДКБ исто така ќе одржат воени вежби „Граница 2022“ во Таџикистан во октомври и вежби „Издржливо братство 2022“ во Киргистан.

По почетокот на руската воена инвазија врз Украина на 24 февруари, многумина во Казахстан изразија загриженост во врска со членството на земјата во ОДКБ. Стравовите се засноваат на неодамнешната нелагодност за односите со Русија, откако казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев побара од ОДКБ да испрати војска да помогне во разбивањето на масовните антивладини протести кои станаа смртоносни.

Во ОДКБ членуваат Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.