Холандската влада најверојатно ќе испрати форензички тим од националната воена полиција во Украина за да помогне во истрагата за можни воени злосторства. Тимот ќе замине за Украина на краток рок за да му помогне на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да собере докази на местата каде што можеби биле извршени воени злосторства. Владата денеска треба да донесе конечна одлука за мисијата, велат изворите. МКС веќе започна истрага за можни воени злосторства во Украина по инвазијата на руските сили на 24 февруари.
Дали Русија врши геноцид во Украина?
Претходно оваа недела, судот соопшти дека ќе учествува и во заедничкиот истражен тим формиран од Литванија, Полска и Украина за размена на информации и истрага за осомничени воени злосторства и злосторства против човештвото. Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“ за разоружување на Украина. Украина и Западот велат дека ова е лажен изговор за неиспровоцирана агресивна војна од страна на претседателот Владимир Путин. Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина.