ЕК предложи закон за заштита на новинарите и активистите од тужби за заплашување

ЕК: во минатата година имало 439 физички и правни напади врз новинари и медиумски работници во 24 земји од ЕУ.

Европската комисија предложи усвојување закон со кој ќе се заштитат новинарите и активистите за граѓански права од тужби поднесени со цел заплашување и молчење. Комисијата го предложи законот за борба против „стратешките тужби против учеството на јавноста“, кои ги опиша како „сериозна закана за демократијата и основните права, како што се слободата на изразување и информирање“. Таквиот закон ќе им овозможи на судовите да ги отфрлаат случаите на почетокот на процесот, а тужителите ќе треба да докажат „дека случајот не е очигледно неоснован“, соопшти комисијата.
За да стапи на сила, предлогот треба да биде одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Стејт департмент - Корупција во владините редови, лоши затвори и закани врз новинари

Комисијата наведува дека во минатата година имало 439 физички и правни напади врз новинари и медиумски работници во 24 земји од ЕУ. Малтешката истражувачка новинарка Дафне Каруана Галиција, убиена во 2017 година, се соочи со повеќе од 40 тужби во моментот на нејзината смрт. Меѓународната организација за слобода на медиумите, Репортери без граници, го поздрави предлогот на Европската комисија, наведувајќи дека тој претставува „голем чекор напред во борбата против заплашувањето и молкот на новинарите“.