Русија протера осум јапонски и тројца норвешки дипломати

Илустративна фотографија

Русија соопшти дека протерува неколку јапонски и норвешки дипломати и санкционира 287 британски пратеници како одмазда за сличните чекори преземени против странските претставници и пратениците на Москва.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги повикало амбасадорите од Јапонија и Норвешка и ги информирало дека прогласиле осум дипломати од Јапонија и тројца од Норвешка за „персона нон грата“.

Министерството, исто така, соопшти дека санкционирало 287 членови на Долниот дом на Велика Британија како одговор на одлуката на британската влада од 11 март да воведе санкции против 386 членови на рускиот парламент.

Западните земји најавија координирано протерување на десетици руски дипломати осомничени за шпионирање.