Русија и САД разменија затвореници

Илустрација

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениот пилот Константин Јарошенко бил разменет со поранешниот американски маринец Тревор Рид .

Според соопштението, размената на затвореници се случила во неодредена европска земја.

Триесет годишниот Рид од Тексас, беше осуден во 2020 година за напад на двајца руски полицајци во 2019 година.

Владата на САД и Рид ги негираа наводите и се сомневаа во правичноста на постапката.

Јарошенко беше уапсен во Либерија во 2010 година и предаден на САД.

Следната година, тој беше осуден за шверц на кокаин во неговите авиони до дестинации во Јужна Америка, Африка и Европа.