Шефот на Светската туристичка организација изјави дека се надева оти земјите-членки ќе гласаат за суспендирање на Русија поради нејзината инвазија на Украина на специјалното гласање што ќе се одржи денеска. Тоа следи по гласањето на Генералното собрание на ОН претходно овој месец за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради извештаите за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ во Украина, што ја поттикна Москва да објави дека се откажува.
Зураб Пололикашвили, неодамна реизбраниот генерален секретар на Светската туристичка организација и поранешен грузиски амбасадор, чија родна земја беше нападната од Русија во 2008 година, рече дека улогата на ОН е да воспостават мир во светот. „Во овој случај, оваа суспензија ќе биде пример дека сите земји мора да ги почитуваат правилата“, рече тој, додавајќи дека секое воздржување би било мотивирано од страв. „Не смееме да се плашиме пред војната, мора да изразиме солидарност против војната, зборуваме за суспендирање на правото на земја која два месеца бомбардира друга земја“, рече тој.
Обединетите нации ја исклучија Русија од Советот за човекови права
Русија привремено би изгубила вклученост во организација која обезбедува техничка поддршка за промовирање на туризмот, мерка што може да има повеќе симболични последици за Москва. Две третини од вкупно 160 земји-членки мора да ја поддржат суспензијата.