Русија нема да биде домаќин на Светското првенство во хокеј

Илустрација - натпревар во хокеј

Меѓународната федерација за хокеј на мраз соопшти дека и ги одземала правата на Русија да биде домаќин на Светското првенство во 2023 година. Дополнително бројот на забранети руски спортски тимови и изведувачи, како и откажани настани се зголемува како одговор на неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина.

Во соопштението на федерацијата се вели дека одлуката е донесена на состанокот на Советот на федерацијата кој се одржал денеска во Цирих. Во соопштението е наведено дека одлуката за преместување на настанот првенствено била донесена поради грижа за безбедноста и благосостојбата на сите играчи и учесници.

„Како што беше случајот со претходната одлука на Советот да го повлече Светското јуниорско првенство IIHF 2023 година што требаше да се одржи во Омск и Новосибирск, Русија, Советот изрази значителна загриженост за безбедното слободно движење на играчите и официјалните лица до, од и во Русија“, се вели во соопштението.

Меѓународни забрани за рускиот спорт и забава

Минатиот месец, Федерација го забрани учеството на Русија и нејзиниот близок сојузник Белорусија од Светското првенство во 2022 година кое ќе се одржи во Финска, како одговор на војната во Украина.

ИИХФ соопшти дека новото место за турнирот во 2023 година ќе биде потврдено за време на овогодинешното светско првенство следниот месец во Финска.