Помошникот државен секретар за европски и азиски прашања Карен Донфрид, која е во повеќедневна посета на Западен Балкан, денеска во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти Стејт департментот. Според соопштението, таа ќе ја повика Србија да ги засили реформите насочени кон европската интеграција и да ја промовира регионалната стабилност и просперитет.
Сенатори на САД порачаа Србија да ја усогласи својата надворешна политика со европската
Донфрид, како што се наведува, ќе ја повтори потребата Србија и Косово повторно да се вклучат во дијалогот што го води Европската унија, што е пораката што ја испрати и за време на нејзините вчерашни средби со косовските официјални претставници во Приштина. Помошникот државен секретар Карен Донфрид е во посета на регионот на Западен Балкан од 25-ти до 29-ти април. Таа вчера беше во Косово, а по Белград ќе ги посети Босна и Херцеговина (27 април), Северна Македонија, Албанија (28 април) и Црна Гора (29 април).