Русија протерува 40 германски дипломати

Илустрација

Русија соопшти дека протерува 40 германски дипломати како одмазда за сличните чекори преземени од Берлин против странските претставници на Москва поради неиспровоцираната инвазија на Кремљ врз Украина.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало германскиот амбасадор во Русија, Геза Андреас фон Гир и дека одлуката на Берлин да протера 40 руски дипломати е „непријателски потег“ и неговото оправдување е „апсолутно лажно“.

На 4 април, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека одлуката за протерување на 40 руски дипломати е одговор на „неверојатната бруталност“ на Русија по започнувањето на војната против нејзиниот сосед на 24 февруари.

Дипломатите протерани од Германија работеа против нашата слобода, против кохезијата на нашето општество. Веќе нема да го толерираме ова“, рече Баербок.

Европските земји протераа повеќе од 300 вработени во руската амбасада откако Москва ја започна својата инвазија. Русија одговори со протерување дипломати од неколку земји-членки на Европската унија.