За денеска се најавува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.
Претежно во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.
Како што посочуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на посончево време, со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи особено кон крајот на работната недела.
Од денес температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.