Нови 99 ковид-позитивни, петмина починати

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи со ковид 19 од кои 13 реинфекции, тројца починати и 148 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани две починати лица во период од 23.03 до 30.03.2022.

Од 99 новозаболени од Скопје се 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а на активни случаи изнесува 727.