Режимот за налепници на возилата од Србија и Косово останува во сила

илустрација

Во отсуство на договор за трајно решение за регистарските таблички на возилата од Србија и Косово, продолжува да важи режимот на налепници, потврди Петер Стано, портпарол на Европската унија.

Стано во писмената реакција до медиумите изрази жалење на ЕУ што не е постигнат договор меѓу главните преговарачи за регистарските таблички, на состанокот одржан на 21 април, кога истече рокот за изнаоѓање решение.

„ЕУ, како олеснувач, ги повикува главните преговарачи на Косово и Србија да се сретнат повторно во наредните денови во Брисел со цел да се договорат за понатамошен начин за постигнување договор“, изјави Стано.

Главните преговарачи од Приштина и Белград, Бесник Бислими и Петар Петковиќ не успеаја да најдат заеднички јазик за прашањето за регистарските таблички.

Во септември, косовската влада воведе реципроцитетни мерки за возилата од Србија кои влегуваат во Косово. Во септември 2021 година, косовската влада воведе мерки за реципроцитет за возилата од Србија кои влегуваат во Косово. Според овие мерки, секој што управува со возила со регистерски таблички на градови од Србија мора да ги замени тие таблички со пробни за 60 дена и истите чинат пет евра.

До тогаш, граѓаните на Косово, кои имаа таблички РКС (Република Косово), скоро една деценија плаќаа околу пет евра за пробни таблички при влез на територијата на Србија, кои важеа 60 дена.

Одлуката предизвика влошување на безбедносната ситуација на северот на Косово, по што во септември минатата година беше договорено да се воведе „режим на налепници“ како привремена мерка до изнаоѓање трајно решение.

На 30 септември, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, постигна договор со страните, што доведе до деескалација на северот. Со договорот е договорено и формирање работна група која ќе изготви предлог за трајно решение, кое потоа ќе добие политички печат.

Рокот за постигнување договор беше најдоцна шест месеци по првиот состанок на работната група, која почна со работа на 21 октомври.