Нови 86 заразени со коронавирус

Во последните 24 часа регистрирани се 86 нови случаи на ковид-19 од направени 2.359 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Најголем дел од новите инфекции се во Скопје – 46, потоа следуваат Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болнички услови. Лицето имало претходни болести.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.